Деспот Груп како дел од Градба Јасен беше и сеуште е една од позначајните фирми за трговија на големо и мало со градежни материјали, градба и инженеринг во Република Македонија. Фирмата е основана во почетокот на месец Февруари 1990 година и е регистрирана со цел промет со градежни материјали, огрев и железарија. Производите кои ги нудиме се со проверен квалитет од познати и признати производители во земјата и странство. Како плод на долгогодишно успешно работење Градба Јасен има склучено договори од посебен ексклузивитет од повеќе фирми.
Деспот Груп е ексклузивен застапник за брендот на собни врати, внатрешни врати Casa Porte.
Изложбениот салон за собни врати, внатрешни врати и кваки за собни врати, на Casa Porte во Скопје, се наоѓа во населба Карпош 2, ул. Орце Николов бр. 186, веднаш до Мида, Буротајм, Рамстор.